Кралот Чарлс и кралицата Камила ја завршија својата посета на Соединетите Американски Држави. Пред да заминат на аеродромот, тие топло се збогуваа со американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп. За време на таа средба се случи еден детаљ што не им избега на присутните.
Доналд и Меланија Трамп се качија на црвениот тепих за да ги испратат своите гости – кралот Чарлс и Камила. Според читателката на усни Никола Хиклинг, која разговараше со Дејли Меил, меѓу нив имало исклучително искрена и директна размена на зборови што не им избегала на внимателните набљудувачи.
Првата дама сподели и еден особено трогателен момент со кралот, во кој упати топли желби за него и неговото семејство. Со благодарност, таа му посака пријатен лет и среќа во сè што го очекува, нагласувајќи дека се надева дека ќе најде време за одмор.
Во таа прилика, таа го замоли да им ги пренесе нејзините поздрави на принцот и принцезата од Велс и нивните деца, со нежен совет дека, и покрај своите обврски, повремено треба да одвои малку време за себе
Експертот за говор на телото, Џуди Џејмс, изјави за „Дејли меил“ дека токму оваа размена на мислења била највпечатливиот доказ за „вистинска блискост“ за време на збогувањето.
Како што објасни таа, моментот кога кралот Чарлс ѝ се приближи на Меланија Трамп и ја бакна во двата образа се чувствувал особено топол и личен.
– Начинот на кој ѝ ги покриваше надлактиците, како и блискоста за време на тој гест, нè потсетува на однесувањето што обично го покажува кон блиските членови на семејството, што јасно укажува на искрена емоција и интимност – истакна Џејмс.
The post Искри на црвениот тепих: Чарлс и Меланија се поблиски од кога било – скриена порака ја запали јавноста appeared first on Во Центар.



