Искуство за кое ретко кој се одлучува: Како е да се престојува во игло село на Алпите?

Иглу-Дорф, односно игло село, се наоѓа во три земји – Швајцарија, Австрија и Германија. Иако има совршен поглед на Алпите, разбирливо, малку луѓе се одлучуваат за ова искуство.

Репортерот на CNN, Дејвид Ален, остана тука со своето семејство во декември. Прво во ледениот бар се почестија со топло вино, чај и чоколадо. Домаќинот потоа им дал инструкции како да ја поминат ноќта во иглото.

Тој ги советувал на дното на вреќата за спиење да ја стават облеката што планираат да ја облечат следниот ден. Се разбира, ги предупредил да не спијат во ништо влажно. Вреќите за спиење и душеците од животинска кожа биле наредени на душек, кој бил поставен на огромен блок од мраз.
Температурата била нула степени Целзиусови. Надвор, каде што се наоѓа бањата и сауната, било -6°C. Очекувано, сите гости сакале да одат во сауна, каде што се обидувале да се загреат пред спиење.

Ален ја опиша ноќта во иглото како негативно искуство. Не добиле перници, па ставиле купишта облека под главата. Во еден момент студот го разбудил, па го покрил лицето со ќебе за барем малку да се стопли, и повторно заспал.
Наведе дека бил многу загрижен за своето семејство. Тврди дека целта била да се издржи престојот на вакво место и дека не можело никако да се ужива. Австријците се облекувале потопло од нив. Призна дека останатите гости изгледале посреќно.

Тој им „простил“ на домаќините по појадокот во ресторанот со шведска маса. Рече дека таму го испил најдоброто кафе.
„Понесете дебели чорапи, чизми, добра капа за спиење, перница и авантуристички дух. Очигледно ни недостасуваа овие неколку неопходни работи“, заклучи Ален.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.