Групата Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за вооружениот напад во понеделникот во Брисел, во кој беа убиени двајца Швеѓани, велејќи дека нападот бил насочен против Шведска поради нејзиното членство во меѓународната коалиција која се бори против екстремистите.
Беше објаснето дека „нападот е извршен во контекст на операции предводени од Исламската држава против граѓани на земјите од таа коалиција“.
- ,,Господ ни беше посредник” – Аница Лазиќ откри детали од почетокот на врската со Лазар Ристовски (фото)
- „Тој покажа подготвеност да ги реши проблемите преку дијалог, го поздравуваме тоа“ – Кремљ најави можен дијалог меѓу Путин и Трамп
- Илон Маск на нишан на Европската унија: Се истражува дали неговата мрежа работи според техничките правила на ЕУ
- (Видео) 70% од оризот останал неоткупен – Оризопроизводителите велат министерот е незаинтересиран!
- Синот на Трамп ја обвини Украина за пожарот во Лос Анџелес: Пожарникарите донираа куп материјали за Киев (фото)
- Во министерството на Груби имало многу криминал и аздис, 20-тина илјади евра платени на две ќебапчилници
- Хороскопски знаци кои немаат самодоверба
- Седум начини да му се извините на партнерот за да покажете дека навистина ви е жал
- Бенјамин Нетанјаху доби гаранции од Варшава: Нема да биде уапсен ако дојде на комеморација на холокаустот
„Борец на Исламската држава изврши напад врз шведски граѓани“, се наведува во соопштението на Исламската држава објавено преку Амак, весник на организацијата.
Двајца шведски државјани беа убиени во понеделникот вечерта во Брисел во вооружен напад во близина на центарот на градот пред квалификацискиот натпревар за Европското првенство меѓу Белгија и Шведска.
Осомничениот напаѓач починал при утринава полициска акција кога бил пронајден по претресот кој траел повеќе од 12 часа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.