„Исламска држава“ објави фотографија од терористите што извршија напад во Москва


„Нападот доаѓа во контекст на бесната војна меѓу ‘Исламската држава’ и земјите кои се борат против исламот“, се наведува во текстот што се повикува на безбедносни извори

Фотографијата што се врти низ светските медиуми објавена од ИСИС

„Исламската држава“ денеска објави фотографија од четворицата напаѓачи, кои синоќа убија најмалку 143 лица во концертна сала во близина на Москва, објави новинската агенција на оваа милитантна на Телеграм.

„Нападот доаѓа во контекст на бесната војна меѓу ‘Исламската држава’ и земјите што се борат против исламот“,

се наведува во текстот што се повикува на безбедносни извори.

„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот, но Русија сугерираше дека постои украинска врска, и покрај негирањето на украинските власти.

Руските власти денеска соопштија дека уапсиле 11 лица, вклучително и четворица осомничени напаѓачи, во врска со нападот.

Утре во Русија е прогласен ден на жалост, а во меѓувреме претседателот Владимир Путин објави дека сите сторители и нарачатели ќе бидат сурово казнети за нападот врз, како што рече, рускиот народ.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: