Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на Фејсбук ја коментира претседателката на ДКСК која е осомничена за оддавање на службена тајна во случајот „Адитив“.
– На овој кадар, од сите тогашни кандидати за позицијата, највисока оценка, и од страна на ДПМНЕ и од страна на СДСМ, добива токму овој кандидат.
И што прави избраниот кандидат? Прави нов софтвер за анкетните листови, за кој не се знае ни колку чини, ни како е набавен ни кој го правел Софтвер со анахрон протокол за внесување податоци, целосно нејасен, и исклучително нефункционален.
“Техничките грешки” вирееја без да се исправат со недели….кои создадоа можност за прљјава кампања дури и кај трети лица, одговорност за тоа претседателката, не само што не превзема, туку и игнорираше при посочување на нејзината одговорност.
Правдата ќе стигне иншалла. – напиша Исмаил на Фејсбук.
