Исмајлоска: Мицковски пред неполна година сметаше дека Отворен Балкан е добра иницијатива, а сега ја кочи правејќи се дека не и ја знаел суштината

Мицкоски пред неполна година за српска Политика изјавуваше дека Отворен Балкан е добра можност за олеснета комуникација на земјите од регионот, а деновиве сосема спротивно се чуди како можеле да соработуваат две земји што не се граничат (Албанија и Србија) и дека немал информации за иницијативата.

Во меѓувреме, Отворен Балкан порасна, се отворија зелени ленти за брз проток на камиони на границите, се организираше врвен регионален Саем за вино, храна и туризам и се оформија кризни групи за помагање во снабдувањето со храна и енергија за што секојдневно известуваат медиумите, ама ете Мицкоски одлучил дека не е информиран и дека немало да даде поддршка за Отворен Балкан.

Намерата е очигледна, да се кочи и блокира.

Со ратификација на договорите кои ги блокира, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија ќе добијат можност да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци.

Еве уште информации за иницијативите и придобивките од Отворен Балкан, иницијативата со најголема поддршка од граѓаните на регионот:

1. Побрз проток на стоки преку признавање на авторизираните економски оператори и взаемното признавање на ветеринарните сертификати. Сигурно секој познава барем еден сопственик на компанија од многуте задоволни. За уште подобри резултати потребна е ратификација на договорот кој е заглавен во Собрание.

2. На Саемот за вино, храна и туризам 42 винарии, 3 дестилерии, 10тици производители на храна, дел од најдобрите македонски готвачи имаа можност за промоција на македонскиот квалитет. Имаа бројни состаноци кои носат потенцијал за извоз и нé направија горди со многу награди и пофалби кои ги добија.

3. Бројките во туризмот растат. Следуваат уште квалитетни проекти од таа област.

4. Соработката помеѓу институциите на трите држави е на одлично ниво, професионална и пријателска. Вклучени се луѓе кои се експерти.

5. Со OB ID ќе ја отвориме можноста за слободно движење и пристап до пазарот на трудот. Идентификациониот број ќе се користи и за низа други поволности во иднина.

6. Даночните управи разменуваат искуства и најдобри пракси за сите да напредуваат и бидат поквалитетни за граѓаните.

7. Имаме договор за брза реакција во случај на природни катастрофи

8. Вчера се договори Отворен Балкан театарски фестивал а, има договор за соработка и во кинематографијата и визуелните уметности.

9. Најавуваме поглавје заеднички да привлекуваме инвестиции

10. Млади, можности, нови хабови, нови бизниси, нови убави вести

И уште многу други…

Регионалната соработка е важен сегмент за развојот на македонските потенцијали и побрза европска интеграција. Регионалната соработка не е врзана со граници меѓу две држави како што е неговата дилема, туку е начин за зближување и напредок.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.