Испливаа детали за врската на Илон Маск и Амбер Херд: Влегле во правен спор заради ембриони

Директорот на X, Tesla и SpaceX Илон Маск беше во врска со актерката Амбер Херд, а сега се појавија нови детали во врска со нивното потомство.
Американските медиуми објавија дека двајцата биле вмешани во правен спор за ембриони кои наводно ги создале заедно, при што Маск сакал да бидат уништени додека Херд се борела да ги задржи.
-Сакаше да има дете со него. Оваа информација ја соопшти Џенифер Хауел, блиска пријателка на сестрата на актерката Витни. Таа изјавата ја достави до судот.
Иако оваа изјава на крајот беше исклучена од тужбата на Џони Деп и Амбер Херд, таа повторно стана актуелна поради откритијата за се покомплексниот семеен живот на Маск.
Тој излегуваше со Херд од 2016 до 2018 година. Како што објави The Wall Street Journal, Маск има 14 деца, а со неколку жени со кои има потомство, склучил доверливи финансиски договори.
Меѓу нив е и инфлуенсерката Ешли Сент Клер, кој тврди дека и понудил еднократна исплата од 15 милиони и 100.000 долари месечно за да молчи за нивниот син.

Пронајдете не на следниве мрежи: