Исповед на еден маж: „Мојата сопруга се здебели, не можам да си замислам секс со неа”

Авторот на оваа исповед е анонимен, а зборува за проблемот кој го разорил неговиот брак – неговата сопруга се здебелила и тоа ги оддалечило – најпрво физички, пренесува сајтот „Mama Mia”.
Иако му е срам поради тоа, не може да си помогне, а апелира до луѓето во врска да продолжат да се грижат за својот изглед, па и поради партнерите.
„Седам тука и се обидувам да смислам најдобар начин за да се изразам – бидејќи не постои вистински начин за тоа. Тоа не е нешто што сакам да го кажам, но ако сакам да бидам искрен – треба тоа да го изговорам. Мојата сопруга повеќе не ме привлекува. Не сакам секс со неа. Тоа не е работа која луѓето лесно ја споделуваат. Знам дека не можам, бидејќи се чувствувам како да сум ја предал, а тоа е последната работа која сакам да ја направам.


Таа не го заслужува тоа. Таа е добра жена. Прекрасна жена. Подобра личност од мене. Но, повеќе не ме привлекува. Ја сакам нејзината насмевка, нејзиниот карактер, нејзината топлина и мудрост. Но, мислам дека почнувам да ја сакам како што би сакал сестра, а тоа е ужасно, особено за неа.
Можеби да сме во брак веќе 20 години тоа би било разбирливо и прифатливо, но се венчавме пред пет години, таа е во средните 30-ти, а јас во доцните. Ја знам причината поради која таа повеќе не ме привлекува, а сепак не постои добар начин на кој може да се каже тоа. Мојата сопруга стана дебела.
Ја гледам и не можам да не го видам нејзиниот подбрадок. Бог знае дека се обидував, но за мене тој е како црна дамка на бела маица, не можам да го игнорирам – таму е.
Во период од три години, таа од жена со средна градба и конфекциски број 38 стигна до 48, а на повидок не е никаква можна промена. Да, постои причина за тоа, никој намерно не сака да се здебели. Но, ми се чини дека вистинската причина исчезна, сега е ситуација „кој е постар: кокошката или јајцето“ – мојата сопруга се здебели бидејќи почна да пие.


А, пие бидејќи е несреќна. А, сега е несреќна бидејќи е дебела.
Не сум без вина во оваа ситуација, сигурно сум допринел за нејзината несреќа, но главната причина за нејзината депресија зависи од надворешните влијанија – работа, семејство и пријателите – за тоа може да се напише есеј.
Испроба милион диети, теретана и разни режими – ни еден подолго од недела – две. Сето тоа е многу тешко, вели, и сигурен сум дека е, но се чини дека нема лесен начин.
Дали убавината е исклучиво одвнатре? Дали јас сум толку плиток и површен? Или сум само човек?
Зарем во партнерските односи не постои непишано правило дека партнерите мораат да се трудат да си останат привлечни едни на други?
Не ме привлекува мојата сопруга и нашиот брак страда поради тоа, бидејќи нема оган, едвај само некое пламенче“, завршува овој маж со својата искрена исповед.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.