Исповед на еден маж: „5 години ѝ нанесував психичка болка на една добра жена“

Со тоа што останав во нејзиниот живот, 5 години ѝ нанесував психичка болка на една добра жена.
Сакав да бидам со неа. Навистина сакав да ја изберам неа. Беше неверојатна жена, паметна, смешна, сензуална. Нејзината смисла за хумор правеше целото мое тело да се тресе од смеа, а нејзината убавина ми го поматуваше паметот.
Моето среќно место беше секое утро кога се будев со неа во моите прегратки. Ја сакав диво и бескрајно.
За жал, како што тоа често се случува со младите парови, нашето незнаење како да се сакаме на добар начин создаде стресни предизвици во нашата врска. Моите прекрасни утра станаа напнати, незрели ситуации во секојдневниот заеднички живот. И почнав да се прашувам дали некаде таму постои жена која е полесна за љубење и која подобро ќе ме сака.
Како што проаѓаа месеците, а таа мисла се почесто ме окупираше, сѐ помалку ја избирав неа. Секој ден, во текот на пет години, ја бирав сѐ помалку. Останав со неа. Но, се откажав. И двајцата патевме.
Да ја изберам неа значи да се фокусирам секој ден на прекрасните работи кои ги внесуваше во мојот живот и за кои требаше да бидам благодарен: нејзината насмевка, сензуалноста, разиграност, пријателство и уште многу други работи.


За жал, често ми беше тешко, речиси невозможно да уживам или воопто да забележам што е толку прекрасно во мојата врска со неа. Премногу се фокусирав на лутината, несигурноста и останатите нејзините силни карактеристики кои имаа влијание врз мене. Колку повеќе се фокусирав на најлошото, толку повеќе ги забележував тие работи и поради тоа реагирав на најлош можен начин. А сето тоа уште повеќе ја нарушуваше нашата врска, а поради тоа уште помалку ја избирав.
А таа силно се бореше за да ја изберам. А тоа е залудно. Не можете да натерате некој да ве избере, дури и кога ве сака.
Сега сфаќам дека често се лутеше, затоа што не се чувствуваше сигурна со мене. Чувствуваше дека јас, со своите зборови и дела, престанав да ја избирам и се плашеше дека ќе ја напуштам.
И ја напуштив.
Но, всушност јас ја изневерив, затоа што секој ден, во текот на пет години, се фокусирав на она што ми пречеше, наместо на она што го обожавав кај неа. Како некој необичен и нежен свет кој гордо го донесов дома, а потоа престанав да го поливам со вода, премногу пати ја оставав сама да венее во жештината на нашиот интимен однос.
Секогаш избирајте го најдоброто кај жената којашто ја сакате. Изберете ја во целост.
Ако сте во врска, поставете си го ова прашање:
„Зошто денес ќе го/ја одберам својот партнер/својата партнерка?“
Ако не можете да најдете добар одговор, копајте уште подлабоко и најдете го. Затоа што во најдлабоките вистини на срцето, можеби и нема причина.
Ако пројде премногу време и не можете да откриете зошто сте во таа врска, а вашата врска е преполна со стрес, пуштете ги да си одат.
Направете место за во вашиот живот да влезат други луѓе кои ќе можете секој ден да ги избирате.
Затоа што луѓето кои ги сакаме заслужуваат да го одбираме само најдоброто од нив.
Секој ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.