ИСПУКАЛ ПАТРОН КОН 40-ГОДИШЕН СОСЕЛАНЕЦ: При лов усмртен е жител на кичевско село

Кичевчанец вчера при лов испукал патрон од ловечка пушка и усмртил 40-годишен жител на селото Бигор Доленци.

Сопственичката на компанија од Унгарија поврзана со експлозијата на пејџерите во Либан, под заштита на тајната служба
Сопственичката на BAC Consulting, која е поврзана со смртоносната пејџер експлозија во Либан, Кристиана Барсони-Арцидиаконо, е под заштита на унгарската тајна служба, изјави нејзината мајка Беатрикс Барсони-Арцидиаконо за АП. Таа рече дека нејзината ќерка добивала закани …
Тахири: Оваа Влада во Косово заминува во историјата на 9 февруари
Шефот на пратеничката група на Алијансата за иднината на Косово, Бесник Тахири, смета дека на парламентарните избори на 9 февруари граѓаните ќе гласаат против актуелната влада, која според него е најслабата во историјата на Косово. …

„Вчера во 15 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(56) од Кичево. Тој се сомничи дека околу 14 часот во шумски појас во атарот на кичевското село Бигор Доленци, при лов, од ловечка пушка испукал патрон и го погодил Д.Ј.(40) од истото село, по што Д.Ј. починал“, информираат од полицијата.

Увид на местото извршил јавен обвинител, медицински и полициски екипи, а врз телото на починатиот е извршена обдукција.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.