Истечените пасоши и возачки дозволи ќе важат до 31 јули, извести МВР
Граѓаните кои имаат пасоши и возачки дозволи со истечен рок во време на вонредната состојба нема потреба сега да вадат нови, бидејќи нивниот рок е продолжен до 31 јули 2020 година.
Ова денеска го соопшти МВР, повикувајќи се на владините уредби со законска сила за патните исправи и за возачките дозволи донесени на седницата на Влада одржана пред некој ден.
МВР извести дека овие граѓани нема потреба да вадат нови патни исправи и возачки дозволи до овој датум, но доколку сепак сакаат да извадат нови документи, службите на МВР се на располагање секој работен ден.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.