Истечените пасоши и возачки дозволи ќе важат до 31 јули, извести МВР

Истечените пасоши и возачки дозволи ќе важат до 31 јули, извести МВР

Граѓаните кои имаат пасоши и возачки дозволи со истечен рок во време на вонредната состојба нема потреба сега да вадат нови, бидејќи нивниот рок е продолжен до 31 јули 2020 година.

Ова денеска го соопшти МВР, повикувајќи се на владините уредби со законска сила за патните исправи и за возачките дозволи донесени на седницата на Влада одржана пред некој ден.

МВР извести дека овие граѓани нема потреба да вадат нови патни исправи и возачки дозволи до овој датум, но доколку сепак сакаат да извадат нови документи, службите на МВР се на располагање секој работен ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.