Шпанската кралица и војвотката од Сасекс неодамна и непланирано носеле исти модни парчиња. Кожното здолниште “пенсил“ кое е популарно за оваа есен е идентичното модно парче кое овие две дами го облекле.
Станува збор за шпанската кралица Летиција и војвотката Меган Маркл.
Овие две дами се облекле во истото здолниште од „Hugo Boss“ во временска разлика од 24 часа.
1. Кралицата Летиција го носела ова здолниште на нејзиното службено патување до Јужна Кореја. Го искомбинирала со бела блуза со предимензионални ракави, црвени чевли и срвена чанта.
2. Меган Маркл го носела здолништето со црвен џемпер со В изрез и црвени чевли во Лондон.