Историски пад на цената на горивата

Историски пад на цената на горивата. Еве конечно и добри вести!

Корона вирусот предизвика историски пад на цените на горивата во земјава. Бензините паднаа за 7,5 денари, а дизелот за 6 денари. Од ноќеска по полноќ, Еуросупер 95 ќе се продава за 54,5 денари, додека литар Еуросупер 98 ќе чини 56,5 денари. Дизелот ќе се продава за 48,5 денари за литар.

Поради состојбата комуналните претпријатија нема да ги исклучуваат граѓаните, кои не платиле сметки. “Сакам да изразам особена благодарност до ЕВН Хоум, БЕГ и сите комунални претпријатија, кои што се одзваа на нашата препорака и во овој критичен период ги прекинаа сите исклучувања на потрошувачите од мрежите на кои што се приклучени”, вели Марко Бислимовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.