Македонија се приклучи на листата земји кои некогаш заиграле на едно Европско првенство. Нашите репрезентативци обезбедија место на собирот кој наредното лето ќе биде во центарот на вниманието на фудбалскиот свет.
Нашата селекција е 35-тиот различен учесник на едно ЕП, по Албанија, Австрија, Белгија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Чешка, Данска, Англија, Шпанија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Исланд, Италија, Летонија, Холандија, Северна Ирска, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Шведска, Швајцарија, Турција, Украина и Велс.
Стрелец на единствениот гол беше Горан Пандев во 56-тата минута од натпреварот по една прекрасна акција на Елиф Елмас и Илија Несторовоски.
Европското првенство почнува на 11 јуни 2021 година.
Македонија на својот дебитантски настап на континенталниот турнир ќе игра во рамки на Групата Ц заедно со селекциите на Холандија, Австрија и Украина.
Но, тоа нема да биде единствената награда која нашите репрезентативци ќе ја добијат. Имено, премиерот на државата, Зоран Заев преку својот официјален Фејсбук профил порача дека сите членови на репрезентацијата ќе бидат наградени по 10.000 евра.
„Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство“, стои во објавата на Заев.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.