Историско намалување на цената на горивата во Македонија, од полноќ

Движењето на цените на суровата нафта на светските берзи ќе иницираат историско намалување на малопродажните цени на нафтените деривати.
Барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон во петокот достигна најниска цена во последните неколку месеци спуштајќи се под границата од 60 долари за барел. Таа цена е за повеќе од 12 долари пониска од оние 72 долари по кои нафтата се тргуваше пред 2 седмици. Тоа беше просечна цена врз основа на која, Регулаторната комисија за енергетика тогаш донесе одлука за намалување на цената на горивата и до 4 денари по литар.
Во моментов 95 октанскиот супер чини 67 денари, 98 октанскиот 69, а дизелот 64,5 денари за еден литар, а ваквиот развој најавува ново, веројатно и поголемо намалување на цените.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.