Многумина сметаат дека јадењето во самотија и тишина е тажно или срамно, но за други тоа е омилен начин за релаксирање по напорен ден. Имено, во едно истражување што било објавено во списанието Форбс, се докажало дека личностите што преферираат да јадат сами имаат повисока самодоверба и повеќе го ценат сопственото време.
За целите на истражувањето била споделена анкета помеѓу луѓе на возраст од 25 до 34 години што имала многу позитивен исход – дури 80% од луѓето изјавиле дека уживаат во сопственото друштво и воопшто не им е непријатно да излезат во ресторан на вечера без партнер, пријател или некоја друга личност.
Од друга страна пак, мал процент луѓе одговориле дека попрво би ги гледале 5-те најстрашни хорор филмови, еден по друг, наместо да излезат на ручек или вечера без присуство на друга личност.
Водечкиот истражувач изјавил дека личностите што често јадат сами се помалку склони на депресија и дека би било одлично доколку сите го сменат своето сфаќање за оваа активност. Јадењето без друштво во ресторан не треба да се поврзува со осаменост, туку со квалитетно поминато време со себе.