Како да не е доволно што секој е свесен дека летото е посебно време за секс, научниците направија и истражување. Пред се летото е време кога се земаат годишните одмори, кога паровите добиваат повеќе слободно време за себе за да поработат на работите кои ги исполнуваат и да се посветат повеќе еден на друг. Од друга страна топлината влијае повеќе на позитивна енергија и ја зголемува сексуалната желба.
Иако многу парови стравуваат дека ќе им биде досадно на годишниот одмор, повеќето сепак се сложуваат дека за тоа време сексот им е најдобар, покажува ново истражување.
Повеќето Американци посакуваат секс на плажа, покажува едно истражување спроведено на 1.529 луѓе. Скоро три четвртини од нив на возраст од 18 до 49 години сметаат дека сексот е најдобар во текот на годишниот одмор.
Околу 22 проценти веруваат дека најромантичен избор на одмор е во тропските краеви, додека за 19 проценти од нив тоа е посетата на Париз или Рим. Крстарењето е идеално за 15 проценти од испитаниците додека за 9 проценти тоа е романтичен семеен хотел или кампување.
Околу 38 проценти од паровите се загрижени дека ќе си идат на нерви едни на други во текот на одморот, а на 73 проценти од жените најмногу им смета рчењето на партнерот.
Скоро 15 проценти се плашат дека нема за што да разговараат со партнерот, додека 15 проценти не сакаат да ја делат бањата. Околу 59 проценти од мажите се плашат од шопинг со партнерката, откри студијата.
Претходните истражувања потврдија дека длабоката опуштеност и недостатокот на напнатост се клучни за женската возбуда, а годишниот одмор е идеален за тоа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.