Истражување: Кога телото троши најмногу калории?

Според едно ново истражување, попладневната дремка или спиењето рано навечер троши многу повеќе калории отколку ноќното спиење.
Истражување: Кога телото троши најмногу калории?
Истражувањето покажало дека одморањето доцна попладне или рано навечер му помага на телото да согори 10% повеќе калории, за разлика од утринските часови.


Од друга страна пак, оние кои работат ноќни смени и имаат лоши животни навики, како малку спиење, се посклони кон дебелеење за разлика од луѓето кои спијат редовно и квалитетно.
Истражувачите проучувале 7 испитаници во рок од еден месец. Испитаниците се наоѓале во лабораторија без прозорци и часовници, така што се забележувале промените во метаболизмот без влијанието на навиките за исхрана и активноста. На испитаниците им бил забранет пристап до Интернет и употреба на телефони, а секоја вечер оделе на спиење 4 часа подоцна од претходната.
Научниците сметаат дека причината за оваа појава е пониската телесна температура за време на ноќното спиење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.