Истренирајте го мозокот да помни подобро само со една мала навика

Овој метод е стар 100 години, но сега е повторно актуелен и тоа со причина. Вреди да го пробате.
Истренирајте го мозокот да помни подобро само со една мала навика
При процесот на стареење, една од неизбежните работи е губењето на способноста за помнење. Но, со помош на една формула развиена од германскиот психолог Херман Ебингос, кој бил експерт во експерименталното проучување на меморијата, стареењето може да биде само бројка.
Универзитетот од Ватерлу ја објаснува формулата. Станува збор за крива, која е највисока веднаш по, на пример, еден час предавање. Еден ден по предавањето, доколку не сте направиле ништо со материјалот, ќе изгубите околу 50-80% од меморијата. По седмиот ден, ќе се сеќавате на само 10%, а по триесеттиот ден информацијата целосно ќе ја нема (можеби ќе останат 2-3%). По ова, ќе треба да го слушате предавањето од почеток. Но, тука е интересниот дел: како да го научите мозокот да ја измени кривата?


По само 20 минути вежбање, ќе запомните сѐ што сте научиле. Ова е возможно со помош на просторни интервали за да го процесирате материјалот одново.
Формулата на Ебингос вели да поминете 10 минути вежбајќи го материјалот што сте го научиле во последните 24 часа. Седум дена потоа, потрошете пет минути да го повторите истиот материјал и да ја вратите кривата повторно на 100%. Кога ќе стигнете до триесеттиот ден, вашиот мозок бара само две до четири минути за целосно да го повтори материјалот и повторно да ја крене кривата. Тоа значи, 20 минути потрошени за учење на специфични интервали ќе ви помогнат целосно да го запомните материјалот.
Учењето може да биде многу полесно доколку го користите овој метод наместо да учите цела ноќ пред испит. Вложете 20 минути за и да го имате тоа знаење засекогаш.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.