Исхрана за брзо слабеење во која се колнат познатите личности

Виолетовата диета е релативно нова диета, но таа го освојува светот со вртоглава брзина. Виолетовата диета ја користат многу познати личности со цел брзо да ги изгубат килограмите, а една од нив е и пејачката Мараја Кери.
Доколку и вие сакате брзо и без голема мака да ослабете со помош на оваа популарна диета, еве што треба да направите.
Дозволено е да консумирате виолетово овошје и зеленчук како што се модриот патлиџан, црвената зелка и грозјето. Можете да ги консумирате кога и колку сакате, но доколку навистина сакате да ја следите диетата, нив консумирајте ги најмалку три пати неделно.

Виолетовата храна е одлична за здравјето. Таа содржи голема количина на антоцијанин – антиоксиданс кој има бројни здравствени придобивки за човечкиот организам. Секако, колку и да се состои од здрави намирници, ниту една диета не е добра по здравјето на долг рок.
Важно е да имате урамнотежена исхрана со цел да ги добиете сите хранливи материи кои ви се потребни. Можеби звучи обесхрабрувачки, но единствениот начин како ефикасно да ги изгубите килограмите е да јадете умерено и да внесувате суплементи кои ќе ги надополнат неопходните хранливи материи. Исто така, не го заборавајте вежбањето и физичките активности.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.