Исчезната велешанка пронајдена во провалија. Веќе објавивме дека се трага по велешанката Александра Скорниева(29).
Твитер: Исчезната е Александра Скорниева од Велес, 29 г. Домот го напуштила во 8:15 утрово
Портпаролот на ЈЗУ Општа болница, каде што сега се наоѓа таа, д-р Весна Неделковска Николова изјави: во стабилна состојба е и вон животна опасност, но по направената компјутерска томографија доцна попладнево биле констатирани повеќе скршеници на телото.
Александра Скорниева исчезна вчера, кога во 8:15 минути го напуштила својот дом. Граѓани кои самоиницијативно организирале групи за потрага на исчезнатата Скорниева ја пронајдоа утрово во провалија под мостот на браната на велешкото езеро Младост.
Пронајдете не на следниве мрежи: