Медиумите јавуваат за исчезнување на лице кое е син на братот на сопругата на Љубе Бошковски. Самоил Костадиновски пред два исчезнал, што било пријавено и во МВР.
МВР во дневниот билтен објавија дека е исчезнато 26-годишно лице.
– На 04.03.2023 во 08.00 часот во СВР Скопје, М.К.(32) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот брат С.К.(26). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информира МВР.
На социјалните мрежи беше објавен апел за помош од граѓаните, а според нив, Костадиновски бил киднапиран во близина на Чешката амбасада. Сепак, објавата набрзо беше повлечена.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.