ИСЧЕЗНАТ МАЖ ОД ВАЛАНДОВО: Семејството со апел до јавноста – секоја информација е клучна

Семејството Ременски од Валандово упати итен апел до граѓаните за помош во пронаоѓањето на нивниот сограѓанин Горан Ременски, кој се води како исчезнат од раните утрински часови на 25 април.Според информациите од семејството, Ременски го напуштил својот дом околу 05:30 часот. Во моментот на заминување бил облечен во црно дебело палто, темно тегет фармерки и црни патики.Последен пат бил забележан околу 06:00 часот кај бензинската станица „GAMA OIL“, при што се движел во правец кон Струмица.Дополнителна загриженост предизвикува фактот што исчезнатото лице во моментот не поседува мобилен телефон ниту лични документи, што значително ја отежнува потрагата.Семејството апелира до сите граѓани, доколку имаат било каква информација или го забележат лицето, веднаш да се јават на контакт телефонот: 075 245 187

Секоја информација може да биде од пресудно значење за негово побрзо пронаоѓање.
The post ИСЧЕЗНАТ МАЖ ОД ВАЛАНДОВО: Семејството со апел до јавноста – секоја информација е клучна appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: