Исчезна докторката која меѓу првите јави за ширење на вирус сличен на КОРОНА

Исчезна докторката која јави за ширење на вирус сличен на КОРОНА

Кинеската докторка, која беше првата што јавно предупреди за ширењето на вирусот „сличен на САРС“, исчезна, предизвикувајќи стравувања дека е приведена од властите.
Д-р Аи Фен зборуваше јавно за КОРОНА ВИРУСОТ и подоцна даде интервјуа со медиумите, но оттогаш замолкна.
„Пред само две недели шефот на Итна медицинска помош во Централната болница Вухан излезе во јавноста, велејќи дека властите ја спречиле неа и нејзините колеги да го предупредат остатокот на светот“, се вели во истражувачка емисија објавена во Австралија.

„Сега таа исчезна, каде е не е познато“, објави шоуто, исто така, објавувајќи ги фотографиите на Аи.

Д-р Аи претходно добила строга опомена откако испратила информации за раните фази на појавата на КОРОНА ВИРУСОТ на група доктори нејзини колеги. Своите грижи околу вирусот ги објави во сега избришаниот есеј во кинескиот магазин People (Renwu).
Насловен „Оној што ги достави информациите“, опишува како д-р Аи била замолчена од своите шефови, откако се сликала со резултатите од тестот на пациентот и ги заокружила зборовите „САРС коронавирус“ во црвена боја.
Загриженоста околу тоа каде е сега д-р Аи расте бидејќи не е познато каде таа сега се наоѓа.

НА ТЕМА ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ: 

Радио станици на Пулс24

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.