понеделник, 30 ноември 2026
Најново

Италијанка и Германец фатени со марихуана на Табановце

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На 27.09.2025 во 09:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници ја лишија од слобода А.П.(23) од Италија. При граничниа контрола, односно преглед во возилото „фиат типо“ со италијалнски национални ознаки, во кое се превезувала како сопатничка, под нејзиното седиште и во нејзиниот личен багаж пронајдени и одземени се марихуана и кафена материја.

Исто така, на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода и Н.П.(31) од Сопјузна Република Германија. При гранична контрола, односно преглед во возилото „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, кое го управувал, пронајдени и одземени се марихуана и други предмети.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Тие се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Поврзани вести