Италијанска панакота со кафе е кремасто задоволство кое се памети

Неодолив десерт од сладок крем кој може да се прави со овошје и многу други вкусови, но сепак со кафе е една од најубавите верзии.
Колачот со име панакота се појавил во италијанските кујни дури во 60-те години од минатиот век, но многу брзо и лесно завладеал со светот.
Тој е лесен, кремаст, сладок, вкусен, а се прави многу лесно.
Состојки:
– 300 милилитри слатка павлака;
– 100 милилитри млеко;
– 80 грама шеќер;
– 3 ливчиња желатин;
– 120 милилитри кафе по желба;
– половина лажица екстракт од ванила;
– рендано чоколадо, какао, зрна кафе (за декорација).
Подготовка:
Ставете ги ливчињата желатин во вода 10-на минути.
Загрејте го млекото, слатката павлака и шеќерот и мешајте на средна температура додека шеќерот не се стопи и сè добро не се соедини.
Додадете го кафето и ванилата, добро промешајте, па тргнете го садот од оган.
Исцедете ги ливчињата желатин и ставете ги во мешавината, па добро промешајте.
Ставете ја смесата во чаши во кои ќе го сервирате десертот, па ставете ги во фрижидер каде ќе отстојат во текот на вечерта.
Пред да послужите посипете со рендано чоколадо, какао или пак зрна кафе.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.