Италијанскиот весник објави второ видео за случајот Рекет: Боки 13 го поздравува Камчев од жената, таа му вели се ќе биде ОК

Италијанскиот весник Ла Верита утрово сподели ново видео за случајот Рекет.
Во видеото се слуша женски глас како преку телефон вели дека се ќе биде ОК, додека Боки 13 преку телефонски повик се договара со Орце Камчев кога да дојде по рекетот во висина од 1,5 милиони евра.
Камчев во видеото вели дека парите на Боки 13 му ги спакувал во соодветна торба „Луј Витон“ и дека не оди да му дава него пари во Адидас торба.
Ова е второ видео на италијанскиот новинар, а најави и трето продолжение.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.