Италија ги прекинува сите летови до и од Кина поради коронавирусот, регистрирани првите два случаи

Премиерот на Италија Џузепе Конте синоќа објави дека се регистрирани првите два случаи на новиот коронавирус во земјата и оти Италија ги прекинува сите летови до и од Кина.
Конте рече дека Италија е првата европска земја што донесе одлука да ги прекине летовите „поради претпазливост“.
– Како и во другите земји, имаме два потврдени случаи на коронавирусот. Се работи за двајца кинески туристи кои пристигнале пред неколку дена, информира Конте на прес-конференција.
СЗО синоќа прогласи глобална вонредна ситуација поради новиот коронавирус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.