Италија го укина карантинот- еве за кои патници

Во Италија од денеска е укинат карантинот за патниците од земјите-членки на Европска Унија, од Велика Британија и од Израел. Но, за влез во земјтата и понатаму е потребен негативен тест на Ковид-19.
Минатата недела беше најавено укинување на карантинот за посетителите од ЕУ, од Израел и од Велика Британија со цел да се помогне на туризмот.
Во Италија за Велигден беше воведен петдневен карантин.
Италија, првата европска земја каде се појави Ковид-19, по строгите рестриктивни мерки воведени во текот на зимата и забрзаната вакцинација, бројот на новозаболени лица на дневно ниво се намали под 10.000. но, се уште е голема бројката на смртни случаи односно околу 200 починати од последици од коронавирусот на дневно ниво. Италија по смртноста е на второ место во Европа, по Велика Британија. ми/

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.