Италија испрати над 15 тони хуманитарна помош во Газа

Помошта во авионот C-130J Super Hercules, кој полета од централниот италијански град Пиза, беше собрана од добротворната група „Confederazione Nazionale delle Misericordie d’Italia“, се вели во соопштението.

-Италија прави и ќе продолжи да прави се што е можно за да ги ублажи страдањата на цивилното население во Газа, рече министерот за одбрана Гидо Крозето, додавајќи дека Италија не ги заборава страдањата и е посветена на деескалација на конфликтот.

Авионот ќе слета на аеродромот Ларнака на Кипар, по што сите материјали што ги носи ќе бидат префрлени во Газа.

Претходно оваа година, Италија покрена водечка иницијатива наречена „Храна за Газа“ за да му помогне на тамошното цивилно население и испрати неколку пратки со помош на погодените од војната што ја пустоши палестинската енклава.

МИА

Пронајдете не на следниве мрежи: