Италија: Најмал број заразени за еден месец

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани уште 2.256 нови случаи на заразени со новиот коронавирус,најмалку за повеќе од еден месец, односно од 10 март, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.
Според нив, од вирусот починале уште 454 лица, мало зголемување на бројот на жртви во однос на недела, кога беа пријавени 433 смртни случаи.
Вкупниот број на смртни случаи во Италија, во кој избувна епидемијата на 21 февруари, се искачи на 24.114, а земјата е на второ место во светот во однос на жртвите, по САД. Заразени се вкупно 181.228 лица.
На интензивна нега се 2.573 лица, додека тој број беше малку поголем вчера – 2.635.
Денеска се евидентирани голем број излекувани – 48.877, додека вчера беа пријавени 47.055 излекувани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.