Италија останува во карантин и по 3 април

Италија ќе остане во карантин и по 3 април, што беше првичниот рок за да се спречи натамошното ширење на коронавирусот, изјави денеска италијанскиот пренмиер Џузепе Конте.
За италијанскиот весник „Кориера дела Сера“ Конте изјави дека мерките ќе бидат продолжени, а тоа значи затворени училишта, универзитети, ограничувања на движења…., пренесуваат британските медиуми.
Според актуелните мерки, што претходно ги воведе италијанската Влада, а кои ќе важат до 3 април, дозволени се патувања само за до работа и од здравствени причини, додека повеќето продавници се затворени, освен оние кои продаваат храна и лекови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.