Италија: Повикал ИНСПЕКЦИЈА бидејќи за кафе му наплатиле 2 евра

Кафулето во Фиренца добило казна од 1.000 евра откако клиент се јавил во полиција и се пожалил дека му наплатиле 2 евра за обично еспресо.

Секако во Македонија каде што цените се приближни на 2 евра, или се повисоки дури и од Италија вакво нешто не може да се случи. Тука народот има бесконечно трпение и послушност. -заб.наш.

Муштеријата со неверување тврдеше дека едно кафуле во тосканскиот град му наплатило две евра без да ја покаже цената на ценовникот. Сопственикот на кафулето се правдал дека сите цени се прикажани на интернет и дека невообичаено високата цена, околу 70 отсто над просекот на еспресо, требало да ги покрие трошоците за купување зрна кафе од одредена плантажа во Мексико.

Но, полицијата одби да го прифати неговото образложение и го казни Франческо Санап со 1.000 евра.

„Ме казнија затоа што некој се навреди што платил две евра за кафе без кофеин. Дали ви се верува? – вели незадоволниот Санапо во видео објавено на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.