Израелска војска со порака до жителите на Газа: Времето ви истекува, одете на југ!

Израелските одбранбени сили објавија „итна порака до жителите на Газа“ во која ги повикуваат цивилите од северниот дел на Газа привремено да се преселат на југ.

Внимание, жители на Газа. Ова е итен воен совет од израелските сили. За ваша безбедност, ги повикуваме сите жители на северниот дел на Газа и градот Газа привремено да се преселат на југот на Појасот. Враќањето во северниот дел на Газа ќе биде можно кога ќе завршат интензивните непријателства – рече портпаролот во видео пораката.

– Вашиот прозорец за акција се затвора, движете се на југ за своја безбедност – додаде тој.

– Ова не е само мерка на претпазливост, ова е итно барање – рече тој.

Оваа наредба дојде откако Израел објави дека „во тек е копнена инвазија“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.