Амбасадата на Полска во Минск со драматичен апел ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Белорусија, користејќи ги сите расположливи комерцијални и приватни средства.
Полските медиуми пишуваат дека дипломатите издале предупредување поради можното затворање на границите и „други непредвидени околности“.
„На граѓаните на Република Полска кои остануваат на територијата на Република Белорусија им се препорачува да ја напуштат нејзината територија со достапни комерцијални и приватни средства“, стои во официјалното соопштение објавено на веб-страницата на владата.
Повикот доаѓа на еден ден откако полско-белоруската граница беше повторно отворена за сообраќај по речиси две недели затворање.
Иако границата е отворена, премиерот Доналд Туск и другите официјални претставници на Полска предупредија дека таа може повторно да биде затворена доколку ситуацијата ескалира.



