Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека на Македонија ѝ се потребни минимум 1000 лекари и тоа итно и неодложно, барем до крајот на наредната година. Тој во изјава за Глас на Америка нагласува дека за надминување на оваа состојба било донесенo и владино решение за вработување на 600 приватни специјализанти. Триста од нив дo крајот на оваа година, и уште триста наредната година.
„Кои се потенцијални кандидати да избегаат од државата. Се надевам дека ќе изнајдеме решение идната година освен 300 специјализанти, да вработиме околу 300-400 доктори, со што ќе имаме некаква одржливост на болниците особено во внатрешноста на државата“, вели Таравари.
Таравари очекува до крајот на годината да се реши статусот и на уште 1200 други здравствени работници, од кои некои и по 10 години години работат со договор на дело. Со тоа вели дека ќе се направи голема работа за здравствениот систем.
На годишно ниво, според лекарската фела си заминуваат околу 250 лекари, но и друг медицински персонал.
На прашањето дали со мерките кои ги најавуваат ќе спречат понатамошен одлив на медицински кадар, Таравари вели дека има уште многу работа.