ИТНО: Нова предлог спогодба за решавање на спорот со Грција!

Сподоби попут Пиже, Katerina Kozlova, Petar Arsovski и слични маргиналци од третата орбита на насилно-инсталиранава власт цело време повторуваат и повторуваа дека немало друго решение за спорот со името, ако не сме го прифателе решението кое *покрај* името, наметнува и решенија за јазик, идентитет и историја. Еве чисто за нивна референца, да им илустрирам како би изгледало ПРО-Европско, компромисно решение кое би требало да биде прифатливо за сите чесни учесници во овој вистински спор. Да актуелизирам еден мој стар став во однос на името. Македонија ќе го промени името со географска одредница на кое било место, од каква било природа само во пакет заедно со:
1. Промена на името на областа „Македонија“ во соседна Грција во “Егејска Македонија“ (Aegean Macedonia), или соодветна географска одредница.
2. Воведување на административна област во Бугарија под име „Пиринска Македонија“ во рамките на нејзините природни граници.
3. Потпишување на спогодба помеѓу Бугарија, Грција, Македонија, Албанија и Србија за меѓусебно признавање на малцинствата и нивна заштита (право на непречено користење на својот мајчин јазик, култура и обичаи)
Се помалку од ова е еднакво на предавство. А ако целта на ЕУ е навистина добрососедство, тогаш не гледам што би бил проблемот со ова композитно решение. Чисто да знаете дека кај луѓе со мозок вашите глупости не поминуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.