ИТНО: Прв случај на КОРОНА ВИРУСОТ во Пехчево

ИТНО: Прв случај на КОРОНА ВИРУСОТ во Пехчево

Градоначалникот Драган Тренчовски вечерва на својот Фејбук профил извести:

Почитувани сограѓани,
Денес, кога на територијата на Пехчевскиот регион е дијагностициран првиот инфициран пациент со корoна вирусот, чувствувам потреба како Градоначалник на општина Пехчево, но пред се како ваш сограѓанин, да Ве повикам на смирено и разумно однесување.
Во овие вонредни околности и во услови на светска пандемија мораме да ја прифатиме реалноста дека вирусот побрзо или побавно ќе дојде и на територијата на општина Пехчево. Но, оваа реалност, наместо паника и ширење дезинформации, од сите нас бара да покажеме висок степен на сериозно и одговорно однесување, целосно почитување на мерките и препораките на институциите и грижа за сопственото здравје и здравјето на вашите најблиски.
Апелирам да се почитува личноста и угледот на секој поединец независно дали е инфициран, тестиран, во самоизолација или во хотелски карантин.
Идентитетот на инфицираното лице воопшто не е важен. Отфрлањето од заедницата на лицата кои се тестирале е неетичко. Наместо тоа, да покажеме солидарност и искрени желби за брзо опоравување на сите инфицирани со корона вирусот.
Почитувани сограѓани,
Во овие вонредни околности потребно е да бидеме внимателни и да го извлечеме најдоброто од нас. Ве повикувам да ги почитуваме препораките на институциите и општинскиот кризен штаб, да дадеме целосна поддршка на здравствените работници, лекари, медицински сестри, болничари, но и на сите други вработени во комуналните служби кои во овие вонредни околности даваат надчовечки напори за спречување на ширењето на вирусот.
Градоначалникот не го откри идентитетот на заразениот, во обид да се спречи стигматизација.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.