Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) и специјален претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, оцени дека Европската Унија претстои исклучително тешки времиња поради отфрлањето на руските енергетски ресурси.
„Одбивањето на ЕУ да се потпира на руските енергетски резерви и другите глупави идеолошки одлуки најавуваат исклучително тешки времиња за Европа“, напиша Дмитриев на социјалната мрежа X.
Вака шефот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF) го коментираше мислењето на експертите од „Волстрит џурнал“ дека нафтената криза што ја погоди Азија најавува тешки времиња и за Европа, пренесува РИА Новости.
Во подоцнежна објава на истата социјална мрежа, Дмитриев додаде дека „Азија е помудра и се грижи за своите луѓе“, осврнувајќи се на новите енергетски договори меѓу Русија и азиските земји, „додека ЕУ и Велика Британија го забрзуваат своето идеолошко самоуништување“.
Ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток практично го запре превозот низ Ормутскиот теснец, клучен пат за испорака на нафта и течен природен гас (LNG) од Персискиот Залив, предизвикувајќи скок на цените на енергијата низ поголемиот дел од светот.
The post Итно соопштение на шефот на рускиот фонд: Голмо предупредување до Европската Унија appeared first on Во Центар.



