ИХФ ќе им дели паричен надомест на ракометарите кои учествуваа на СП

Светската ракометна федерација (ИХФ) ги објави износите што им следуваат на играчите кои настапија на Светското првенство во Шпанија, и на нивните клубови. Надоместокот се однесува на сите денови поминати на СП, а не сме на деновите во кои настапија.

Според ова по 200 швајцарски франци ќе добијат македонските репрезентативци, бидејќи изборија пласман од 9-16 место. Истата сума ќе ја добијат и играчите кои настапија за Полска, Србија, Тунис, исланд, Бразил, Белорусија и Египет. Македонските ракометари на Мундијалот минаа девет дена, од 12 до 20.јануари. Дневница од 400 швајцарски франци ќе добијат ракометарите чии репрезентации стигнаа до самата завршница (Шпанија, Данска, Хрватска и Словенија). По 300 швајцарски франци дневница ќе добијат играчите чии репрезентации се пласираа од 5. до 8. место (Германија, Франција, Русија и Унгарија).100 франци дневница ќе инкасираат ракометарите чии репрезентации се пласираа од 17. до 20. место (Алжир, Аргентина, С.Арабија и Катар).75 франци ќе добијат играчите чии репрезентации се пласираа од 21. до 24. место (Ј.Кореја, Црна Гора, Чиле и Австралија).Надомест ќе добијат и клубовите чии ракометари учествуваа на СП, без разлика дали се дел од националната селекција или се дел од некоја друга репрезентација. И тука износите варираат во зависност од пласманот на селекциите:30.000 франци, поделени според бројот на ангажираните ракометари, ќе добијат клубовите чии ракометари настапија во селекции пласирани од 1. до 4. место (Шпанија, Данска, Хрватска и Словенија).20.000 франци, поделени според бројот на ангажираните ракометари, ќе добијат клубовите чии ракометари настапија во селекции пласирани од 5. до 8. Место (Германија, Франција, Русија и Унгарија).12.000 франци, поделени според бројот на ангажираните ракометари, ќе добијат клубовите чии ракометари настапија во селекции пласирани од 9. до 16. место (Полска, Србија, Тунис, Исланд, Бразил, Македонија, Белорусија и Египет).4.000 франци, поделени според бројот на ангажираните ракометари, ќе добијат клубовите чии ракометари настапија во селекции пласирани од 17. до 24. место (Алжир, Аргентина, С.Арабија, Катар, Ј.Кореја, Црна Гора, Чиле и Австралија).Клубовите ќе ги добијат износите кои одговараат на учеството на секој нивен ракометар, па Металург ќе добие компензација за своите македонските репрезентативци (дел од 12.000 франци), но и за Станиќ (дел од 12.000 франци) и за Ракчевиќ (дел од 4.000 франци).Доколку клубовите се согласат на ваква распределба, перичните средства ќе им бидат исплаќани преку националните федерации. За првпат, и сите патни трошоци на репрезентациите ќе бидат на товар на ИХФ.
Макфакс
Светската ракометна федерација (ИХФ) ги објави износите што им следуваат на играчите кои наста

Пронајдете не на следниве мрежи: