Ич не е судир на интереси – Роднински компании вршеле изградба и надзор на проекти во Куманово?

Ич нема судир на интереси…

Компании на блиски роднини добиваат тендери за изградба на проекти, но и за надзор на проекти во истата општина.

Општина Куманово има склучено низа на договори за изведба на градежни работи со компанијата РМК ГРАДБА АС Дооел Скопје.

Водоводна мрежа, канализациона мрежа, бехатон плочки, санација, се дел од договорите кои ги има склучено Општина Куманово со оваа компанија. Секако, постојат уште многу други, но што е поентата?

Договори за надзор на проекти во Општина Куманово има скучено компанија, во сопственост на роднина на сопственикот на погоре наведената компанија. Се работи за компанијата АК ИНЖЕНЕРИ ДООЕЛ увоз извоз Цветово, Студеничани.

Компанијата АК Инженери е во сопственост на Муарем Камберовски, додека компанијата РМК ГРАДБА е во сопственост на Рафис Камберовски.

Во продолжение и податоците за другата компанија.

Надлежните институции, меѓу кои и Државната комисија за спречување на корупција треба да проверат дали двете компании се во сопственост на роднини и дали надзор на проекти вршела роднинска фирма, што секако е судир на интереси, а се доведува во прашање и обејктивноста во работењето на компанијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: