И Алан Данкан, министер на Велика Британија за Европа и Америка денес во Скопје

Со денешната посета на министерот Алан Данкан свој придонес во поддршката на Референдумот дава и Велика Британија. Тој ќе се сретне со македонскиот министер за надворешни работи, Димитров, а главна тема на разговорите ќе биде успешноста на Референдумот.
Посетата на министерот Данкан е уште една потврда за интензитетот на политичкиот дијалог кој се води изминатава година меѓу Велика Британија и Македонија, особено по посетата на премиерката Тереза Меј на нашата земја на 17 мај годинава, соопштуваат од МНР.
Двајцата министри ќе се осврнат и на регионалната соработка, британскиот ангажман во рамките на Берлинскиот процес, како и на преговорите меѓу ЕУ и Обединетото Кралство за Брегзитот. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.