И без Каменос Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација на Преспанскиот договор

Алексис Ципрас обезбедил доволен број на пратеници за ратификација на Преспанскиот договор, дури и во случај да му откаже коалициониот партер „Независни Грци“ на Панос Каменос, дознава Ројтерс.
Ципрас и Каменос, кој е и министер за одбрана на Грција, вчера вечерале заедно во Клубот на офицерите во Атина за да покажат дека коалицијата е стабилна.
Владини претставници за медиумите истакнале дека лидерите на владеачките „Сириза“ и „Независни Грци“ ги надминале меѓусебните разликли во гледиштата за Преспанскиот договор. Ципрас во јавноста веќе наведе дека не постои алтернатива за Спогодбата од Преспа и дека знаел за Планот-Б на Каменос, но истиот не го одобрил.
Во меѓувреме опозицискиот лидер на “Нова Демократија“, Киријакос Мицотакис, наведе дека двајцата се уште се заедно во коалиција бидејќи „и двајцата сакаат по секоја цена да останат на власт“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.