И богатите плачат: Најдобрите цитати на познатите за раскинувањата

Раскинувањата се секогаш тешки, а доколку проаѓате низ истото во овој претпразничен период, веруваме дека ви е уште потешко.
За таа цел, ви ги преставуваме најдобрите цитати на познатите за раскинувањата – некој од нив сигурно ќе ве расположи.

“Смеете да си дозволите 72 часа плачење. По тоа морате да ја посетите теретаната, да престанете да јадете сладолед и едноставно да продолжите понатаму” – Џенифер Лав Хјуит

“Мора да се цените себеси и да знаете дека заслужувате сè. Сè додека не се цените себеси и не се сакате, не можете да имате здрава врска” – Џенифер Лопез


“Животот практично експлодира пред моите очи. Сега живеам нов живот кој е всушност одличен и морам да кажам дека сум неверојатно инспирирана. Сè е некако ново” – Гвен Стефани


“Погледнете се и прашајте се “Кој дел од ова е моја одговорност?” Што можам да направам?”. Тоа е таа болна работа која мора да ја завршите со надеж дека ќе научите нешто од тоа” – Рис Витерспун

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.