И Вес Мичел ќе агитира во Скопје?

Во четврток уште еден од најавените високи гости доаѓа во Скопје. Стејт департментот веќе најави дека помошник американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Мичел доаѓа во Македонија да се сретне со премиерот Заев и со други официјални претставници за поддршка на Договорот од Преспа.

Во Македонија Вес Мичел ќе пристигне по посета на Грузија, каде ќе учествува на Меѓународна конференција која ќе се одржи во Тбилиси, за да ја изрази американската поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Грузија.  

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.