Обединети за Македонија на Љубе Бошкоски бара ВМРО да влезе во преамбулата на Уставот, но и да им се забрани на партиите користење на тоа име во нивните имиња. Од партијата објаснуваат дека ВМРО како масовно, национално ослободително движење е првата организирана формација која ја издигнала идејата за независна Македонија за сите народности во неа.
“Затоа ВМРО е организација која припаѓа подеднакво на сите граѓани на Македонија и треба сите да не обединува. Обединети за Македонија како десничарска партија бара ВМРО да влезе во преамбулата на Уставот, но и дека мора да се забрани името ВМРО во имињата на партиите. Во нашето партиско име го нема предзнакот ВМРО, но го има во преамбулата во нашиот Статут, за да се оддаде почит кон организацијата која ги обединувала сите етноси во Македонија. Ниту ние, но и ниту една друга партија нема право да го злоупотребува тоа свето име за македонскиот народ“, потенцираат од Обединети за Македонија.