И во 2001 прва доаѓаа да не убедуваат дека со договорот ќе постигнеме се , а станавме граѓани од втор ред во сопствената држава

Многу се поделени мислењата и реакциите во врска со посетите на високи функционери пред референдумот. ФБ статус на револтиран граѓанин: И во 2001 прва доаѓаа да не убедуваат дека со договорот ќе постигнеме се, а станавме граѓани од втор ред во сопствената држава. Што се сега поразлично? Дали ова е точно, дали со Охридскиот Договор го постигнавме идеалот за подобра иднина? Или ни следи нов договор под присила!

Во продолжение ЕКСПЕРТИТЕ И АНАЛИТИЧАРИТЕ.
Во официјална посета на Скопје неделава доаѓаат генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и канцеларите на Германија и Австрија, Ангела Меркел и Себастијан Курц. Експертите едногласни, посетите се поддршка за референдумот и курсот на Владата.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, утре по втор пат во последните шест месеци, доаѓа во официјална посета на Македонија. Во пресрет на референдумот во петок пристига австрискиот канцелар Себастијан Куц, а во сабота на денот на независноста за прв пат во официјална посета на Македонија доаѓа германската канцеларка Ангела Меркел. Тие ќе имаат средби со државно – политичкиот врв а не се исклучува можноста и директно да испратат пораки на јавноста и граѓаните.Експертите се едногласни околу трите посети оваа недела. Станува збор за јасна порака која се испраќа до граѓаните дека меѓународната заедница стои зад Владата и очекува успешен референдум.„Не треба многу да се филозофира. Доаѓаат да го поддржат референдумот во Македонија за да може да се затвори ова прашање. Самиот факт што малку се растегнуваат дипломатските правила покажува колку е значаен референдумот и колку меѓународната заедница вложува во поддршката“, смета аналитичарот Петар Арсовски.

За поранешниот министер Денко Малевски, посетите даваат официјална поддршка на курсот на Владата.„Поголем дел од граѓаните сигурно разбираат што значат овие посети. Тоа е поддршка за курсот на Владата но и поддршка за сите граѓани на Република Македонија кои на 30 септември треба да ја потврдат желбата на нашата држава уште од 1991 година, а тоа е членство во НАТО и ЕУ“, вели Малевски.Тој смета дека посетите ќе бидат позитивно прифатени од мнозинството граѓани но сепак не ја исклучува можноста и од негативни коментари.„Во една средина која е традиционално недоверлива можно е да имаат контраефект овие посети. Но сепак ова е едно ново време и мислам дека негативните последици ќе бидат мининални“, вели Малевски.Арсовски пак е на ставот дека граѓаните многу повеќе доверба полагаат кај странските политичари и трите посети ќе имаат позитивно влијание. Тој додава дека референдумот е клучот во решавањето на прашањето отворено 26 години и по неговото затварање меѓународната заедница ќе може да се поствети на решавање на новоотворените прашања со Косово и Република Српска. „Важно е да се затвори македонското прашање пред да почне со решавање на проблемите во Косово и Босна и Херцеговина каде што очигледно не оди според планираното“, дециден е Малевски.
Премиерот Зоран Заев на вчерашната трибина во Берово истакна дека посетите се позитивен сигнал за Македонија.„Доаѓањето на тројцата светски државници е признание за Македонија, позитивен сигнал. Тие ни подаваат рака за да одиме напред“, рече Заев.Според него, и опозицијата е свесна дека ова е моментот за ЕУ и НАТО,момент кога сите треба да бидат заедно и да се обединат за европска Македонија.Околу самиот референдум Арсовски смета дека ќе излезноста ќе биде блиску околу границата на цензусот.„Многу е побитен суштинскиот исход од гласањето и огромниот процент на гласови за кој потоа ќе ја притисне опозицијата во Собранието да гласа според волјата на граѓаните“, рече Арсовски.Малевски пак е убеден дека злоупотребата на национализмот во Македонија не влијаела врз свеста на граѓаните и референдумот ќе биде успешен бидејќи граѓаните „знаат дека немаме каде назад“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.