И денеска дожд, од утре стабилизација на времето

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а дневната од 9 до 14 степени.
Во Скопје, слично време, променливо облачно со повремен дожд, особено претпладне. Утринската температура ќе се спушти до 8, а дневната ќе достигне до 11 степени.
Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.