И денеска нова аудио снимка на Мицкоски и Кичевец

И денеска нова аудио снимка на Мицкоски и Кичевец

И денеска се појави нова аудио снимка на Јутјуб на профилот со корисничко име „Рекет“. Во неа се слушаат гласовите на Христијан Мицкоски и Зоран Милески-Кичевец, кој е еден од осудените лица во случајот „Рекет“. Рразговорот трае 23 секунди, а Милески и Мицкоски разговараат за начинот на кој бил платен организиран автобуски превоз за протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред две години, летото 2018 година.

„Најди си лик, не знам, имал тој некој пријател добар, нешто ваму-таму, ја ќе појдам само да не појдит Сашо, никако во партија да не влезит, тие се муабетите“, му вели Зоран Милески-Кичевец на Мицкоски.

Мицковски пак му одговара на Кичевец: „Сашо никогаш не дојде во партија, скршен од мака. Сашо даде два пати по 5.000 евра за автобусите за 2 јуни кога беше нели, тоа е од Сашо донацијата“.

Вчера исто така имаше бомба со слична содржина:

Бомба: Мицковски му кажува на Кичевец за Орце Камчев

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.